Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгаснат пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“

/

пред 696 дена

Сподели преку :

Пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“ е изгаснат и моментно се работи на расчистување на теренот, информира командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески.

Томески во изјавата за МИА посочува дека е интервенирано со 10 противпожарни возила и 30 пожарникари. Пожарот бил пријавен во 01:20 часот, а причините допрва ќе се утврдуваат.

Скопските пожарникари утринава интервенирале на уште еден пожар во скопската населба Влае, каде горела кровна конструкција на куќа на улицата „Иван Цанкар“.

Томески информира дека пожарот е изгаснат и дека на терен биле испратени четири возила со 12 пожарникари.

Симона Петровска