Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгаснат пожарот во Јасен и Јажинце по попладневните дождови

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Пожарот кој 10 дена дивееше во резерватот Јасен по попладневниот дожд е успешно изгаснат.

„Пожарот кој го зафати Јегуновце помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје исто така е изгаснат по попладневните дождови кои го зафатија пределот“ потврди за Телма Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Претходно огнот во Јажинце во неколку наврати го блокираше и регионалниот пат.

Од министерството за внатрешни работи известуваат дека од први април годинава до денес приведени се 39 лица за кои се сомнева дека биле поврзани со подметнување на пожари на отворен простор.

„Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност“ стои во соопштението на МВР.