Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгорени огништа, куќи, викендици со чија помош егзистираа жителите на неколку села во Светиниколско

/

пред 799 дена

Сподели преку :

Изгорени огништа, куќи, викендици, бачила,плевни, земјоделска механизација со чија помош егзистираа жителите на неколку села во Светиниколско. И по речиси еден месец од големиот пожар во Овче Поле кој зафати 155 хектари, во должина од 30 километри се бројат штетите. Оваа огнена стихија жителите во Светиниколско ќе ја паметат со децении, бидејќи огнот со помош на силниот ветар оставија пустош зад себе.

Најголеми штети има пријавено во селото Немањици, каде што огнот од сите страни влезе во куќите и земјоделските површини. Пријавувањето на штетите од големиот пожар во Општина Свети Николе е до крајот на месецов, а помош се уште се собира од страна на граѓаните, општествено одговорните компании.

Огнената стихија ги зафати селата Немањици, Орел, Малино, Стројменци, а не се дозволи огнот да влезе во уште неколку села. Ангажирани беа пожарникари, доброволци, месното население, а пожарот се гаснеше и од воздух. Според Центарот за управување со кризи вчера имало 14 пожари на отворен простор, од кои еден е под контрола, а 13 се изгаснати. Според она што го објави ЦУК пожарите се на сува трева, но и на стрништата по жетвата на житото.