Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Излезе од автомобилот заедно со ќеркичката и се предаде – крај на заложничката драма во Хамбург

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

Германската полиција објави крај на заложничката драма на аеродромот во Хамбург. Триесет и петгодишниот маж, кој од синоќа ја држеже во заложништво својата четиригодишна ќерка, излегол од автомобилот со кој се паркирал на пистата и се предал.

„Осомничениот излезе од автомобилот со ќерката. Не даваше отпор при апсењето. Детето изгледа неповредено“, изјави портпаролката на полицијата во Хамбург, Сандра Левгрин.

Заложничката криза почна синоќа во 20:24 часот, кога маж, со автомобил од марката „Ауди“, влета на пистата пред еден од авионите, пукаше во воздух и фрли два молотови коктела. Притоа во автомобилот беше неговата ќерка.

Полицијата воспостави контакт со осомничениот околу 23 часот. Локалниот весник „Хамбургер морген пост“ утрово објави дека преговорите, по барање на осомничениот, се воделе на турски јазик со помош на преведувач. Други медиуми објавија дека таткото сакал да одлета за Турција заедно со неговата ќерка.