Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Излезноста на локалните ибори на Косово изнесува 38,48 отсто

/

пред 368 дена

Сподели преку :

На целата територија на Косово, времето за гласање на локалните избори, кои започнаа во 7:00 часот, заврши во 19:00 часот.

Според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, по обработката на 94 отсто од протоколите во избирачките места, изборната активност до 19 часот изнесувала 38,48 отсто.

ЦИК соопшти дека изборниот процес помина претежно мирно, без поголеми инциденти, а регистрирани се само помали доцнења при отворањето на некои избирачки места и случаи на фотографирање гласачки ливчиња.

Прелиминарните резултати од гласањето се очекува ЦИК да ги објави во наредните часови.

Според мрежата на невладини организации „Демократија на дело“ (DnV), изборниот процес бил мирен и демократски, но сепак биле регистрирани одредени нерегуларности. Како нерегуларности, тие го посочија гласањето со придружба, особено кај жените и младите, што во многу случаи не било забележано во протоколот. Други нерегуларности биле присуството на рекламен материјал на политичките сили на оддалеченост помала од 100 метри од избирачките места, како и организирано гласање за групи граѓани во некои косовски општини.