Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изложба и предавање во Музејот на македонската борба посветени на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна

/

пред 113 дена

Сподели преку :

НУ Музеј на македонската борба за самостојност во соработка со Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, на 15 јуни 2026 година во 17.00 часот во Порта Македонија во Скопје, организира предавање и изложба посветени на историските случувања на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Координатор на настанот е м-р Даниела Николова.

Во рамките на програмата, историчарот проф. Фабио Котифава ќе одржи предавање на тема „Италијанската експедиција на Македонскиот фронт во Големата војна: човечката димензија на конфликтот“. Предавањето ќе понуди нови согледувања за улогата на италијанските сили на Македонскиот фронт и за човечките судбини обликувани од воениот конфликт.

По предавањето ќе биде отворена изложбата „Од другата страна на фронтот“, на авторите м-р Даниела Николова, кустос советник, и Даниела Митевска, кустос од НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Изложбата претставува избор на репродукции од делата на италијанскиот сликар Алфонсо Коради (1869–1957), кој престојувал во Македонија за време на Првата светска војна. Преку неговите цртежи, слики и поштенски картички се документирани македонските предели, населби и секојдневниот живот во годините на воениот конфликт, оставајќи драгоцено визуелно сведоштво за еден значаен период од историјата на Македонија.

Посетителите ќе имаат можност да ја запознаат Македонија низ погледот на еден италијански уметник и сведок на времето, истовремено откривајќи дел од заедничкото историско наследство што ги поврзува двете земји. Настанот е дел од заложбите за продлабочување на културната соработка меѓу Италија и Македонија и за промоција на историските и културните врски меѓу двата народа.