Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел ги протера активистите на бродот „Медлин“ за Газа

/

пред 495 дена

Сподели преку :

Дванаесетте активисти, меѓу кои и шведската активистка против климатските промени Грета Тунберг, ќе бидат префрлени во притвор и ќе бидат депортирани или изведени пред суд.

Израелското Министерство за надворешни работи објави дека „селфи-јахтата“ на активистите е закотвена, а помошта која ја носеле со себе ќе биде пренесена во Газа преку официјални канали.

Бродот „Медлин“ отплови од Сицилија пред повеќе од една недела, со намера да ја пробие морската блокада на Израел која важи од 2007 година и е воведена за да се спречи снабдување на милитантите на Хамас со оружје.

Грета Тунберг и нејзините придружници учествуваат во пропалестински протести, а инцидентот го засили дополнителниот притисок во регионот.