Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел го обвини Хезболах дека ги користи објектите на ОН како штит, Хезболах најави проширување на нападите

/

пред 736 дена

Сподели преку :

Портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер изјави дека системот THAAD е „корисен додаток“ на израелската воздушна одбрана. Тој рече дека распоредувањето ја одразува „одлучната посветеност на САД за одбраната на Израел“.

Според него „Израел никогаш не побарал американска чизма на теренот“ во текот на изминатата година од војната, но рече дека овој конкретен систем ќе биде управуван од американски сили.

Портпаролот додаде дека Израел ги слуша САД и другите сојузници, но тој рече дека владата „ќе ги донесе конечни одлуки врз основа на националниот интерес“.

Во својот дневен брифинг со новинарите, Менсер го обвини Хезболах дека ги користи позициите на привремените сили на Обединетите нации познати како УНИФИЛ како штит за дејствување, а дека премиер Бенјамин Нетанјаху го повика „УНИФИЛ да го послуша барањето на Израел и привремено да ја напуштат опасната зона.“

  • „Хезболах ги користи објектите и позициите на УНИФИЛ како покритие, додека ги напаѓа израелските градови и заедници. Овие напади ги однесоа животите на многу Израелци, вклучително и во неделата. Израел има целосно право да се брани од Хезболах и ќе продолжи да го прави тоа, изјави  Дејвид Менсер, портпарол на израелската влада.

Околу 2.300 луѓе се убиени во израелските напади во минатата година во Либан, според тамошното Министерство за здравство.

Повеќе од три четвртини од смртните случаи се случиле во изминатиот месец.

Заменик-шефот на Хезболах и вршител на должноста лидер, шеикот Наим Касем, во телевизиски говор рече дека групата сега е фокусирана на „повредување на непријателот“, што е пример со гаѓање на израелскиот град Хаифа и области надвор од него, вклучително и Тел Авив.

Тој ги повика поддржувачите на Хезболах да останат непоколебливи поради израелските напади.

Обраќајќи им се на Израелците, Касем рече дека прекинот на огнот е единственото решение за враќање на жителите на северен Израел во нивните домови.

„Ние не бараме прекин на огнот бидејќи сме слаби“, рече тој.

Ако Израел продолжи со бомбардирањето и копнената инвазија во Либан – за кои израелските официјални лица рекоа дека имаат намера да го потиснат Хезболах и да ги вратат раселените Израелци во нивните домови – тој се закани дека нападите на Хезболах ќе се прошират.

  • „Бидејќи израелскиот непријател одлучи да го таргетира Либан, тоа значи дека имаме право, согласно одбранбена стратегија, да таргетираме која било точка во израелскиот непријател, без разлика дали е во центар, запад или југ. Ќе ја избереме точката што ќе ја сметаме за најсоодветна“, рече шеикот Касем.

Тој го поврза актулениот конфликт во Либан со пошироката борба на Палестинците и со тековната војна во Газа.