Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел: Го опколивме градот Газа каде се наоѓа штабот на Хамас

/

пред 1067 дена

Сподели преку :

Израел објави дека го опколиле градот Газа по еднонеделните копнени борби против Хамас и силното бомбардирање на палестинската територија.

Борбите продолжија и во текот на ноќта, а небодо над Газа беше осветлено од силни експлозии.

Од почетокот на копнената операција во Газа убиени се дваесет израелски војници.

По речиси четири недели војна предизвикана од смртоносното дивеење на Хамас во Израел, американските и арапските лидери го зголемија притисокот врз Израел да ја намали опсадата на Газа и барем накратко да ги запре нападите за да им помогне на цивилите.

Израелската армија исто така соопшти дека извршила „голем напад“ врз цели на Хезболах во јужен Либан како одговор на нападот врз северниот израелски град Кирјат Шмона, во кој биле повредени две лица.