Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел го прифаќа планот на Бајден за мир во Газа, иако не е добар – советник на Нетанјаху во интервју за „Сандеј тајмс“

/

пред 872 дена

Сподели преку :

Нетанјаху го прифати рамковниот предлог на американскиот претседател Џо Бајден за крај на војната во Газа, иако договорот не е добар, изјави Офир Фалк, советник на израелскиот премиер, во интервју за „Сандеј Тајмс“. Според него, сепак, остануваат многу детали за разработка, додавајќи дека израелските услови, вклучително и ослободување на преостанатите заложници и уништување на Хамас, остануваат непроменети. Планот е прифатливи и за палестинската милитантна организација чии претставници изјавија дека не се запознати со сите детали.

Два крајнодесничарски партнери на Нетанјаху се заканија со напуштање на владата, доколку премиерот се согласи за крај на војната пред елиминација на Хамас.

Бајден пред два дена изнесе план кој предвидува прекин на огнот во траење од шест месеци, преговори за условите за траен прекин на непријателствата и обнова на Газа.

Израелскиот претседател Исак Херцог се заблагодари на напорите на неговиот американски колега за ослободување на киднапираните заложници и најави безрезервна поддршка за премиерот Нетанјаху.