Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел-Хезболах (Хамас) е војна до истребување, Тел Авив не може да го игнорира иранскиот напад со балистички проектили: Сем Вакнин за ТОП ТЕМА на Телма

/

пред 747 дена

Сподели преку :

Интервју со Сем Вакнин, аналитичар со потекло од Израел.

Огнен Чанчаревиќ, ТОП ТЕМА НА ТЕЛМА: Кога и како ќе го врати ударот и ќе го нападне Иран и кои ќе бидат целите?

Сем Вакнин, аналитичар од Израел: Израел мора да одговори поради изборот на оружје на Иран. Иран избра да испука 181 балистичка ракета. Не крстосувачки ракети, не дронови, балистички ракети. Ова е напад кој Израел не може да го игнорира. Но ако ја гледаме листата на можни цели, Израел не може ефективно да ја уништи нуклеарната инфраструктура на Иран бидејќи најголем дел од неа е под земја и изграден е во планини.

Дури ни бомбите „банкер бастер“ не може да пробијат. Нафта, рафинерии.Најголемиот дел од капацитетите на Иран се на еден остров кој се вика Харг. Израел може да го нападне овој остро и да го збрише и со тоа да ја уништи можноста на Иран да ја преработува нафтата и да ја продава. Тоа е можно. Но тоа ќе има огромно влијание на пазарот на нафта во време на избори во САД и пред се ќе им лошо влијание врз граѓаните во Иран. Сојузниците на Израел против Ајатолахот е иранскиот народ.

Граѓаните ги мразат ајатоласите. Што останува. Воените капацитети, посебно оние за производство на ракети, воени бази, воени бази кои ги штитат нуклеарните капацитети и сајбер напади. Мислам дека на крајот ќе биде комбинација од  воени цели и сајбер напад.

ТОП ТЕМА: Дали Израел може да го порази Хезболах како што тоа го направи со Хамас? И по која цена? Дали Израел може да ги уништи Хамас и Хезболах и по цена на директна војна со Иран?

Вакнин: За да можам да го одговорам ова прашање мора да разбереме нешто. Ова не се армии кои се борат ова се нации. Седумдесет отсто од израелските војници се цивили, тоа се резервисти.

Исто е и со Хезболах, деведесет отсто од војниците се селани и земјоделци во Јужен Либан. Ова се цивилни армии, цивили се борат со цивили. Зборувам за нации кои се борат до истребување. Нација не може да порази нација. Дополнително, Хамас и Хезболах преставуваат идеологија. Можеш да ги победиш армиите но не и идеологијата. Во овој случај идеологијата на Хамас и Хезболах е дека Западот е декадентен, Западот е корумпиран, Западот пропаѓа и сега е времето да го земат Блискиот Исток од поранешните колонијални сили.

Чанчаревиќ, ТОП ТЕМА на Телма: Сметате ли дека израелското разузнавање потфрли по втор пат, по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година. САД соопштија дека во средата наутро ги информирале Израел дека напад во наредните 24 часа е неминовен?

Сем Вакнин, аналитичар Треба околу 6 часа да се операционализира да балистичка ракета, а потребни се 12 минути балистичката ракета испукана од Иран да стигне до Израел. 24 часа се долго време и сосема доволно да се подготви одбраната. Проблемот на Израел не е подготовката на одбраната. Израел е добро подготвен, 24 часа е големо известување, повеќе од доволно. Проблем е цената.

Да се уништи една балистичка ракета чини помеѓу 3 и 4 милиони долари. Една балистичка ракета. Помножете со 200 (ракети) и ќе видите дека одбраната од секој напад на Иран чини една милијарда долари. Израелската економија почнува да ги чувствува последиците, почнува речиси да колабира и е во исклучително лоша состојба. Вистинската војна е меѓу Шиитите и Сунитите. Израел е ирелевантен во оваа војна.

ТОП ТЕМА: Дали сметате дека ударот на Хамас беше насочен кон Израел или кон разбивање на можното сојузништво или соработка на арапските држави во регионот со Израел а контра Иран?

Вакнин: Вистинската голема војна е меѓу Иран и Саудиска Арабија. Израел е жртва во оваа војна. Но, што се случи е тоа што се случија многу битни процеси. Саудиска Арабија се приближи до Израел, Аврамските договори. Израел почна да се интегрира во регионот. Дури и Палестинците, зборувам за умерените Палестинци, како палестинските власти, соработуваа со Израел, преговараа со Израел.

Но, радикалните исламски про-ирански Палестинци беа тргнати на страна и тоа не им се допадна. Немаше место за нив на масата. Умерените Палестинците, Саудијците, Израелците, Мароко, Бахреин, Америка сите беа на масата, дури и Русија во еден момент. Затоа не беше толку да се прекине процесот туку да се вклучат во овој процес.

Огнен Чанчаревиќ