Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел привремено го суспендираше ослободувањето на палестинските затвореници поради хаосот што настана при предавањето на заложниците во Кан Јунис

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац, за неколку часа го одложија ослободувањето на 110 Палестински затвореници од израелските затвори.

Одлуката доаѓа по хаосот и омаловажувачкиот однос при предавањето на седумте заложници во Кан Јунис, кои беа водени еден по еден среде огромна толпа Палестинци, ситуација која наликуваше на таа кога дел од заложниците беа парадирани низ улиците во Газа на 7 октомври 2023-та година.

Снимките беа особено непријатни при ослободувањето на заложничката Арбел Јехуд. Нејзиниот преплашен израз додека група маскирани и вооружени мажи, ја спроведуваа среде толпа од неколку илјади Палестинци, кои се туркаа за да ја видат Израелката.

Израел гневно реагираше и побара од посредниците, со чија помош се постигне договорот во Каиро, да извршат притисок врз Хамас да ја гарантира безбедноста на заложниците при нивното ослободување.

Заменик министерката за надворешни работи, Шарен Хаскел, која рече дека денешните настани во Кан Јунис се само уште една потврда за омразата, теророт и варварството на Хамас.

До сите апологети на Хамас од Западот кои уште од 7 октомври ги поддржуваат овие чудовишта, само погледнете ги омразата, теророт и варварството. Токму затоа власта на Хамас во Газа мора да биде уништена, напиша хаскел на платформата Х.