Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел тврди: Од територијата на Либан истрелани над 45 ракети за еден час

/

пред 824 дена

Сподели преку :

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека околу 45 ракети се лансирани за еден час попладнево од Либан кон северот на Израел.

Првиот бараж од околу 30 ракети бил истрелан на Голанската висорамнина, а според ИДФ, некои од ракетите биле пресретнати, додека други погодиле отворени области, пишува „Тајмс оф Израел“.

Некои од проектилите предизвикаа пожари, а Хезболах ја презеде одговорноста за нападот.