Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелската армија и Хезболах продолжуваат меѓусебно да се гранатираат преку границата

/

пред 759 дена

Сподели преку :

Израелската армија и либанското шиитско движење „Хезболах“ и денеска продолжуваат меѓусебно да се гранатираат преку границата.

ИДФ соопштија дека групата поддржана од Иран истрелала повеќе од 100 ракети од почетокот на денот. Израелските пожарникари гаснеа пожари предизвикани од гранатирањето.

Хезболах, од своја страна, објави дека ги нападнал израелските капацитети за производство на оружје.

Групата го нарече гранатирањето „прв одговор“ на експлозиите во Либан во вторникот и средата – операцијата му се припишува на Израел – во која загинаа 37, а беа ранети околу 3.000 луѓе.

Го бомбардиравме воено-индустрискиот комплекс Рафаел во северен Израел со „десетици проектили“, објави Хезболах.

Израелската војска соопшти дека либанската група истрелала околу 115 ракети врз цивилни области во северен Израел. Се додава дека како одговор напаѓаат цели на Хезболах во Либан.

И вчера имаше гранатирање меѓу Израел и либанската група. Ескалацијата на тензиите во последните денови ги зголеми стравувањата од поширок конфликт во регионот.

Израелските власти ги затворија училиштата во северниот дел од државата во близина на границата со Либан