Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелската армија ослободила своја припадничка заробена во нападот на Хамас на 7 октомври

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната агенција Шин Бет соопштија дека капларот Ори Мегидиш, која беше заробена од терористичката група Хамас на 7 октомври и однесена во Појасот Газа, ноќеска е спасена во копнената операција на израелските сили.

Во заедничката изјава, ИД и Шин Бет се наведува дека капларот Ори Мегидиш е во добра состојба и веќе се вратила во семејството.

ИДФ соопшти дека Мегидиш била спасена за време на копнената операција во текот на ноќта, но не  даде дополнителни детали за начинот на ослободувањето.

Мегидиш е припадник на извидувачка единица и Хамас ја зел за заложник на 7 октомври, кога терористите упаднаа во базата Нахал Оз.