Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелскиот шеф на дипломатијата Кац: Иран одлучи да нè нападне, пораката е пренесена преку Будимпешта

/

пред 807 дена

Сподели преку :

Иран одлучи да го нападне Израел, соопшти израелскиот шеф на дипломатијата, Израел Кац и покрај интензивните дипломатски напори за избегнување на било каква натамошна воена акција која би можела да предизвика директна војна меѓу Исламската Република и еврејската држава.

Иранската порака е доставена до Израел преку унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто кој директно го повикал Кац.

„Иран нè извести дека планира да го нападне Израел“, изјави Кац, додавајќи дека „светот треба да бара цена од Иран за секоја агресивна акција што ќе ја изврши“.

Во разговор што го водел Багери со неговиот бахреински колега, Абдулатиф бин Рашид Алзајани, тој говорел за одлучноста на неговата земја да одговори за убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Хани во Техеран минатата недела.

Соединетите Американски Држави веруваат дека иранскиот напад би можел да се случи во наредните 48 часа. За вечерва е најавен и состанок на американскиот претседател Џо Бајден со тимот за национална безбедност на САД на кој би се разговарало за ситуацијата на Блискиот исток.