Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелските војници по грешка убиле тројца заложници

/

пред 1048 дена

Сподели преку :

Портпаролот на израелската војска, контраадмирал Даниел Хагари вечерва изјави дека за време на борбите во областа Шеџаија во северниот дел на Појасот Газа, војниците по грешка идентификувале тројца израелски заложници како закана, пукале и ги убиле.

Тој рече дека тоа е „трагичен инцидент за кој одговорност сносат Израелските одбранбени сили (ИДФ).

За време на претресите и проверките во областа каде што се случи инцидентот, се појавија сомнежи околу иденитетот на загинатите. Нивните тела беа транспортирани на израелска територија за проверка, по која беше утврдено дека тројца од нив се израелски заложници. Јотам Хаим, кој беше киднапиран од Кибуџ Кфар Аза од страна на терористите на Хамас на 7 октомври. Самер Талалка, кој беше киднапиран од Кибуц Нир Ам од терористите на Хамас на 7 октомври. Семејството на третиот заложник беше известено и тие побараа неговото име да не се објавува. Израелската армија и претставници на полицијата ги известија сите семејства, изјави Хагари.

Хагари додаде дека се води истрага за инцидентот и во име на Израелските одбранбени сили изрази најдлабока тага.