Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изречени вкупно 2.200 години затворски казни за 200 обвинети – епилог на тригодишен судски процес против мафијата во Италија

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Вкупно 2.200 години затворски казни за над 200 обвинети. Ова е епилогот на тригодишниот судски процес против мафијата во Италија во кој се откри распространетоста на „Ндрангета“ во политичкиот и општествен живот на југот на земјата.

Обвиненијата се однесуваат на убиства, изнуди, трговија со дрога, перење пари и злоупотреба на службената положба.

„Ндрангета“ важи за една од највлијателните и најопасни криминални организации во Европа. Судиите кои го водеа случајот добија полициска заштита поради стравувањата за нивна безбедност. Во целиот процес, кој се одвиваше на околината на гратчето Ламеција Терме, учествуваа 900 сведоци и 600 адвокати.

„Ндрангета“, која оперира од сиромашниот регион Калабрија, според проценките има контрола врз 80 отсто од европскиот пазар со кокаин и прави годишен обрт од околу 60 милијарди евра.