Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

/

пред 885 дена

Сподели преку :

Британската Национална здравствена служба (НХС) денеска го објави извештајот по петгодишната истрага во кој се наведува дека лекарите, владата и НХС го прикривале скандалот со заразената крв и свесно ги изложиле жртвите на неприфатливи ризици.

Во периодот од 1970 до 1991 година повеќе од 30.000 луѓе биле заразени со хепатитис Це и ХИВ со откако примиле крвни продукти и трансфузии. Оттогаш починале околу 3.000 луѓе. Се претпоставува дека се разболеле поголем број пациенти, но дел од нив не се регистрирани.

Дел од инфицираната крв и крвни продукти биле увезени од САД, а им биле давани на пациенти на кои им требала трансфузија за време на операција или на лицата кои страдаат од хемофилија.

Британската Влада веќе исплати 100.000 фунти како привремена компензација на некои жртви, од вкупно 400 милиони фунти според препораките што следеа по истрагата во 2022 година.