Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Извештај на Европската комисија: Стратегиската насока на Србија под знак прашалник

/

пред 722 дена

Сподели преку :

Европската комисија во нацрт-извештајот за напредокот на Србија кон членство во ЕУ нотира загриженост поради одржувањето на високи односи со Русија и интензивирањето на соработката со Кина, што поставува прашање за нејзината стратешка насока.

Во извештајот се забележува дека Србија не вовела санкции против Русија и не прифатила низа изјави на високиот претставник на ЕУ.

Официјалниот документ ќе биде објавен утре и во него ќе биде оценет напредокот на Србија во реформите.

Се очекува Србија да ги усогласи своите политики кон трети земји со позициите на ЕУ, вклучително и во однос на рестриктивните мерки.

Србија исто така треба да постигне подобри резултати во предметите со воените злосторства, каде што се идентификувани повеќе од 1.700 случаи кои чекаат на обработка.

Проблемот со исчезнатите лица од конфликтот во 1990-тите останува нерешен, а 7.608 лица сè уште водени како исчезнати.

Во извештајот се спомнува и потребата од усогласување на визната политика на Србија со ЕУ, особено за да се намали притисокот од илегалните мигранти.