Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Извлечен пожарникарот што исчезна при гаснење пожар на планината Серта

/

пред 1091 дена

Сподели преку :

Пронајден е пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезнал додека се гаснеше пожарот на планината Серта кај штипското село Селце. Пилотите кои го гаснат пожарот од воздух го забележале во непристапен терен.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека со помош на хеликоптери на МВР тој е извлечен. А по прегледот на екипата од Брзата помош е констатирано дека е во добра здравствена состојба.