Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Извршен одбор на СДСМ одлучи да не се поддржат интерпелациите поднесени од ДУИ

/

пред 688 дена

Сподели преку :

На вечерашната прва седница на новиот Извршен одбор на СДСМ е одлучено да не се поддржат интерпелациите поднесени од ДУИ затоа што сметаат дека тоа не е решение за кризата и може да значат нови поделби по етничка основа.

Европскиот фронт предводен од ДУИ поднесе барање за интерпелација за првиот вицепремиер Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерката за внатрешни работи Астри Исени и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Реагираше коалицијата Вреди која е дел од Владата, велат ДУИ треба да си поднесе интерпелацијата самата на себе.

„Пратениците на ДУИ и Европскиот фронт неодговорно се однесуваат кон граѓаните и нивната иднина, а ова е предвидлив чекор после оркестрираното и организирано нарушување на мирното славје на Денот на албанското знаме“, се вели во нивната реакција.

Вчера со одговор се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ се исплашени од Панче Тошковски, затоа што не им поминува ниту едно црно сценарио, кое го смислија за дестабилизација на државата“, се вели во партиското соопштение на владејачката партија.

Опозициската ДУИ со интерпелација за четворица министри, власта реагира – нема да им поминат црните сценарија