Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ја однела ќерка и во училиште, се породила во училница – несекојдневен настан во Франција

/

пред 777 дена

Сподели преку :

Несекојдневен настан во основно училиште во околината на францускиот град Рен. Жена во поодмината бременост се породи во училиште, откако ја однесе нејзината ќерка на првиот час во новата учебна година.

Бебето во понеделникот, на првиот ден на новата учебна година, на свет дојде за само неколку минути. Породувањето се случи доста време пред да пристигне амбулантното возило со кое мајката и новороденчето подоцна беа пренесени во болница, пренесува ТВ БМФ, нарекувајќи го бебето „најмлад ученик во Франција“.

Датумот за породување на жената бил 9 септември, но настапило штом влегла во училиштето со нејзината ќерка.