Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ја разбирам фрустрацијата, но Западен Балкан треба да ја зграпчи шансата за ЕУ – Каја Калас пред денешната посета во Скопје

/

пред 508 дена

Сподели преку :

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, која е на турнеја низ балканските земји, пред да пристигне во Скопје од Белград порача дека ја разбира фрустрацијата, но политичкиот момент за проширувањето на ЕУ е сега, а Западен Балкан треба да ја зграпчи шансата.

Мисијата е со цел да ги охрабри земјите кандидати на патот кон Унијата. Ден пред нејзиното пристигнување во Скопје, премиерот Мицкоски порача дека е убеден дека ќе се најдат решенија и дека ЕУ ќе најде механизми за земјата да го добие заслуженото место во Унијата. Тој денеска ќе има тет-а-тет средба со Калас.