Двајцата обвинители Дарко Јакимовски и Владимир Милошевски кои беа дел од тимот за истрагата за пожарот во Кочани од денеска се виши јавни обвинители, но се уште не е одлучени дали ќе останат на предметот или не. Во одговор на прашањата на Телма објаснуваат зошто осомничените не се гонат за корупциски дела туку за предизвикување на општа опасност при пожар во која настрадаа 62 лица а над 200 се повредени.











