Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јакимовски по петти пат во градоначалничка трка- ЛДП ќе ја даде поддршката во Карпош

/

пред 402 дена

Сподели преку :

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, по петти пат влегува во изборна трка. Првиот мандат, во 2000-та година го доби како кандидат на ЛДП, со кои и сега ќе се поддржуваат на изборите. Преговара и со Интегра и ПЦЕР, а неговата партија ГРОМ ќе има и кандидат за градоначалник на Град Скопје.

  • По долготрајно испитување на јавното мислење, но и по долготрајни консултации со жителите, констатирав дека тие се подготвени за моја поддршка. Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе ја даде поддршката во Карпош, разговорите веројатно ќе бидат денеска завршени и ќе се потпише коалицискиот договор. Драго ми е што на чело на советничката листа за Град Скопје ќе биде Ристо Пенов, кој ќе биде сериозна поддршка на нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје-Александар Трајановски, кој веќе два мандати е советник во градската управа, изјави Стевче Јакимовски, градоначалник на Карпош.

Јакимовски е на црната листа на САД, а во април годинава, беше осуден на три и пол години затвор за бесправна градба на административната зграда на општината и злоупотреба на службената положба. Судската пресуда не е правосилна, а градоначалникот тврди дека се’ уште ја нема ниту добиено од судот, за да може да се жали пред Апелација.

Синоќа кандидатура најави и претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР) и министер без ресор, Шабан Салиу. Пред жителите на Шуто Оризари тој ја претстави својата политичка визија и програма.

Салиу е еден од осомничените за трагедијата во кочанската дискотека, за периодот додека беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Извесен период беше и во притвор во затворот Шутка, од каде излезе кон крајот на мај, кога притворот му беше заменет со мерки на претпазливост.

Далиборка Демјанска