Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанкулоска излезе од затвор – останува на слобода ако не направи ново кривично дело до октомври

/

пред 1069 дена

Сподели преку :

По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, утрово излезе од затворот „Идризово“. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација и нема да се врати ако до идниот октомври доколку не направи ново кривично дело.

При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, во септември 2020 година, откако таа ги исцрпи сите правни средства за одложување на издржување на казната затвор за предметот „Тенк”.