Јапонскиот „лендер“ на Месечината продолжи со работа откако претходно не се знаеше неговата судбина поради проблем со напојувањето откако слета на месечината.
Јапонската агенција за истражување на воздухопловството соопшти дека повторно воспоставила контакт со роботот, што укажува дека дефектот е отстранет.
Неговите соларни ќелии повторно работат откако промената на условите на осветлување му овозможи да ја фати сончевата светлина, соопшти агенцијата.
Лендерот не можеше да генерира енергија бидејќи соларните ќелии беа насочени подалеку од сонцето.
Со успешното слетување на месечината Јапонија стана петтата земја што постигнала ваков успех по САД, поранешниот Советски Сојуз, Кина и Индија.
Леталото работеше на батерија неколку часа пред властите да решат да го исклучат за да овозможат можно враќање на електричната енергија кога ќе се промени аголот на сончевата светлина.
Слим слета на работ на екваторијалниот кратер познат како Шиоли, на 55 метри од својата цел. Јапонската агенција тогаш соопшти дека било извршено „прецизно слетување без преседан“.











