На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи јавна дебата за предлог-законот за високо образование, трета од најавените шест на јавните универзитетите, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Минатата недела јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на која присуствуваше и наставно-научниот кадар од Универзитетот „Св. апостол Павле“ во Охрид.
Законот за високото образование и Законот за квалитет во високото образование се поставени и на националниот регистар на прописи (ЕНЕР), а МОН креира и посебни две е-адреси за праќање коментари за двата предлог-закона.
Министерката Јаневска во петокот соопшти дека сите предлози што се конструктивни ќе бидат прифатени, а техничките грешки во законот ќе бидат исправени.











