Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јавна дискусија за ГУП во Општина Центар – велосипедски патеки, пешачки зони се дел од забелешките на граѓаните

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Велосипедски патеки на кејот на Вардар, уредување на спортскиот центар Кале, прогласување на пешачки зони во малиот ринг на плоштадот Македонија и околу него, се мал дел од забелешките кои граѓаните на општина Центар денес ги дадоа пред градски власти.

„Овде за првпат имате јавен повик до сите жители на градот Скопје да кажат што очекуваат од тој нов устав или нов закон кој што законски има рок од 10 години, а во пракса се 20 години па можеби и повеќево негово практицирање“, вели Жаклина Ангеловска доктор на науки од областа на урбанистичко планирање и жител на Центар.

Исти проблеми ги мачат и Ѓорче Петровци и Сарајци и Карпошани. Како и претходно мина карванот со можност за забелешки за идниот градски план.

По завршувањето на јавните дискусии во сите општини градот ќе организира дебата на која ќе ги презентира работите кои ќе бидат опфатени во начинот на изработка на новиот генерален урбанистички план со предлозите на граѓаните, велат оттаму.

„Досега воглавно забелешките се главно дека немаме многу спортски зони, зони за спорт и рекреација, зони каде што треба да се опфати што поголемо зеленило и повеќето од дискутантите зборуваа дека треба да се забранат тие кровни градини коишто се даваат во одобрение за градења а не се изведуваат. Тоа конкретно се мерки кои се за во детлани урбанистички планови меѓутоа со некои одредби, законски можности може да се додадат и во генералниот урбанистички план.“, вели  Ивана Бајкова Шаља сектор планирање и уредување на град Скопје.

И со три години истечен ГУП Скопје забрзано се бетонизираше. Дел од локалните гупови беа под мораториум, но не доволна правна алатка за да се застане на патот на градежниот хаос.

Симона Петровска