Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тендерите под лупа на партиите – „парчиња колач“ или јавни набавки?

/

пред 234 дена

Сподели преку :

 Со серија документи во рака и обвинувања за системско фаворизирање, опозицијата денеска ја отвори темата за, како што тврдат, сомнителни тендерски постапки и распределба на милионски договори.

Од Социјалдемократскиот сојуз наведоа дека во изминатите две години една компанија добила десетици јавни набавки во вредност од повеќе милиони евра, при што најголем дел од договорите биле склучени со општини раководени од кадри на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Велат, „милионски тендери се делат како колачи“, а владините партнери ги нарекуваат „тендер коалиција“.

„74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила оваа фирма, „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје. Наглиот раст на склучени договори започнува во 2024 година, продолжува 2025 па се до денеска. Само минатата година, 59 склучени договори, најголем дел од општини раководени од ВМРО – ОКГ (организирана криминална група“ – вели Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

Политичката пресметка околу тендерите доби продолжение, откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата – со оценка дека се селективни и политички мотивирани.

Од партијата повикуваат анализата на опонентите да биде поширока, а испратија и контраобвинување за врвот на СДСМ и за имотната состојба на поединци од опозицијата.

„СДСМ што ги брои овие тендери во последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години кога тие биле на власт. И ќе дојдат до заклучокот дека истата оваа фирма можеби и двојно повеќе тендери има добиено во времето кога институциите ги управувале СДС заедно со ДУИ. Вакви популистички прес-конференции на СДСМ не се ништо туку само еден најобичен обид за замајување на јавноста“ -рече Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократите овие наводи ги изнесоа на прес-конференција на партискиот „антикорупциски тим“, а од партијата реагираат дека иако постојано објавуваат сомнителни тендерски постапки, сепак ниту по повеќе од месец и половина нема никаква институционална реакција.

Петар Догов