Јазот меѓу две минимални плати и минималната потрошувачка кошничка останува речиси 300 евра и во февруари годинава. Пресметките на Сојузот на синдикати покажуваат дека синдикалната кошница за месец февруари тежи 57.476 денари, сума потребна на четиричлено семејство некако да го истурка месецот купувајќи го само најнеопходното. Тоа значи дека во семејство каде двајцата родители се со минимални примања од 20.175 денари ќе им недостасуваат седумнаесет илјади денари за да може да го преживеат месецот.
Доколку семејството живее под кирија оваа сума драстично се зголемува и тогаш синдикалната кошница за месец февруари изнесува 72.851 денар, сума кој едвај може да се покрие доколку двајцата родители се со просечна плата од по 38 илјади денари
Споредено со минатиот месец синдикалната кошница се зголемени за 313 денари без и 213 денари со стан по кирија а со декември минатата година за илјада денари односно 880 денари во зависност од тоа дали станбеното прашање е решено.
Најголема ставка во синдикалната кошница се храната и пијалаците – 21.219 денари а потоа се образованието со 7.022 денари и режиските трошоци со 6.014 денари. За транспорт месечно четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари а за рекреација и култура 4.245 денари. За лична хигиена и хигиена во домот месечно ќе се потрошат 1.797 денари додека за здравје треба да се одвојат денари 1.115 денари но само ако се купуваат најнеопходните витамини и лекови за превенција.
Методологијата за пресметување на синдикалната кошница која во изминатите десетина години често беше оспорувана од Владата и надлежните во декември минатата година претрпе измени а пресметките и анализите за висината на минималната синдикална кошничка ги изработија двајца поранешни министри за финансии, Никола Поповски и Драган Тевдовски а како основа ги земаа цените во ланци на три маркети.
За разлика од пресметките во минатото, овој пат Поповски и Тевдовски, раководејќи се од реалната и моменталната состојба воведоа четири нови ставки – комуникации, ресторани и хотели, останати стоки и услуги.
Огнен Чанчаревиќ











