Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЈОРМ: Истрага против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

/

пред 399 дена

Сподели преку :

Истрага против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Основното јавно обвинителство во Скопје соопшти дека била донесена наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице  за кривично дело – загрозување на животната средина и природата.

Според обвинителството, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој се складирал отпадот, сепак преземал правни дејствија во односите со трети лица. Тој го избрал правниот субјект каде формален управител била неговата ќерка како мнозински коминтент за складирање на отпад.

Затоа во истрагата се опфатени тој и неговата ќерка, како соизвршители кои постапиле спротивно на законот за управување со отпад и прописите за заштита на животната средина.

Тие складирале опасен отпад на катастарска парцела во Трубарево и со тоа предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето, тврди обвинителството.

Третиот осомничен е овластено лице – раководител на подружница кој постапувал по насоките на прво-осомничениот и ги распоредувал работните задачи на вработените при складирањето и обработката на електричниот отпад.

Четвртиот осомничен, иако формално не бил вработен во правниот субјект, го примал, складирал, сортирал и механички обработувал електричниот отпад.

Обвинителството соопшти и дека по избувнувањето на пожарот во објектот со непрописно складираниот отпад, било предизвикано масовно испуштање чад, пепел и гасови во воздухот. Како последица на тоа, со извршените мерења на припадници на македонската армија и ДЗС била утврдена висока загаденост.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил и предлог за мерка притвор за првиот осомничен а за останатите тројца побарана е мерка куќен притвор.