Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јужнокорејскиот претседател прогласи национална демографска вонредна состојба

/

пред 855 дена

Сподели преку :

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол денеска прогласи национална демографска вонредна состојба поради намалувањето на населението, ветувајќи дека ќе вложи максимални напори за борба против екстремно ниската стапка на наталитет во земјата.

Јун го изјави ова за време на состанокот на претседателскиот комитет за ниска стапка на наталитет и стареење на населението, кој предупреди дека населението во Јужна Кореја на крајот би можело да изумре доколку трендот на екстремно ниска стапка на наталитет не се промени.

-Денеска официјално прогласувам национална демографска вонредна состојба. Ќе активираме сеопфатен систем за одговор на владино ниво додека не се надмине проблемот со нискиот наталитет, рече Јун.