Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кај затруените во Штип изолирана фекална бактерија „Салмонела ентеритидис“

/

пред 376 дена

Сподели преку :

Се зголемува бројот на средношколци и возрасни лица од Штип кои пријавиле симптоми на труење по консумирање сендвичи од сендвичара.

Од Центарот за јавно здравје – Штип информираат дека досега се регистрирани 17 случаи, а кај некои од заболените е изолирана фекална бактерија „Салмонела ентеритидис“.

Земени се примероци од храна и брисеви од работни површини, а резултатите се очекуваат денеска.

Епидемиологот Светлана Живкова информира дека е спроведено епидемиолошко анкетирање, едукација на вработените за безбедно ракување со храна, земени се брисеви од персоналот и направен е вонреден санитарен преглед.

Објектот е затворен по наредба на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринство, а денеска ќе биде извршена дезинфекција.

Агенцијата за храна и ветеринство потврди дека по добиената пријава спровеле инспекциски надзор и објектот останува затворен сè до добивање на резултатите од лабораториските анализи.