Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Каја Калас утре во Скопје

/

пред 526 дена

Сподели преку :

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас утре доаѓа во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски.

Дополнително, Калас и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот Дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следи по склучувањето на билатералниот Договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година.

Пред да допатува во Скопје, Калас ќе престојува во Белград и во Приштина. Целта на посетите е да се покаже посветеноста на ЕУ на Западниот Балкан и поддршката на перспективите на земјите од регионот за членство во Унијата..