Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Како ја пресметувате цената на струјата? – Инженери на Македонија со барање до ЕВН

/

пред 506 дена

Сподели преку :

Инженери на Република Македонија (ИРМ) упати барање до компанијата ЕВН Хоум ДОО Скопје, како универзален снабдувач со електрична енергија, за доставување на податоци согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија.

Побаравме од ЕВН Хоум да достават низа информации од суштинско значење за транспарентноста на процесот на формирање на цените на електричната енергија, велат тие.

Дел од нивните барања се финансиски извештаи и бруто биланси за 2023 и за 2024 година, податоци за набавена и планирана електрична енергија за последните три години, број на домаќинства и мали потрошувачи, како и нивната потрошувачка во последните 12 месеци.

Од ИРМ очекуваат целосен одговор од ЕВН Хоум во рок од пет дена.