Се посилни се очекувањата дека Соборот на СПЦ ќе донесе одлука за да достави барање до Вселенската патријаршија за автокефалност на МПЦ – ОА по вчерашната заедничка литургија за помирување во храмот „Свети Сава“ и пораките кои двајцата поглавари, архиепскопот г.г. Стефан и патријархот Порфириј ги испратија во своите обраќања пред верниците и јавноста.
Според српските експерти, одлуката повеќе зависи од начинот на кој ќе се преговара за решение околу административните работи, со оглед дека во Македонија има две паралелни цркви признаени од СПЦ.
Јас се надевам дека работите ќе одат во многу добар правец, не гледам причина да има нешто спорно. Е сега сигурно тие имаат многу административни работи кои мораат да ги решат. Тоа се веројатни работи околу администрациите, околу епископите кој каде ќе биде бидејќи постојат две паралелни структури (во Македонија), тоа веројатно е работа на некој ниен договор како и што ќе решат но во секој случај оова е многу добро“, изјави професорот Кубат од
Филозофски Факултет Белград.
За домашните аналитичари пак самиот факт што при отварањето на литургијата српскиот патријарх Порфириј ги именуваше поглаварите на сите афтокефални православни цркви и на крајот го кажа и името на архиепископот г.г. Стефан е потврда дека во СПЦ сериозни се размилува околу автокефалноста на МПЦ – ОА
На иста линија е и професорот Кубат кој смета дека српскиот патријарх сака да решава наместо да креира проблеми и спорови. Тој е на стравот дека Порфириј ќе го надвладее крилото на Владиката Иринеј кој е цврсто против автокефалност на МПЦ – ОА.
Тој е многу прагматичен човек и склон кон решавање на проблеми. Тој не создава проблеми, тој секаде каде што може решава проблеми. Но самиот состав (СПЦ) е хетероген и тука е многу тешко да се предвидува текот на настаните. Вие ја знаете поизицијата на епископот Буловиќ (Владика Иринеј) која тука е многу јака. Постојат и други луќе но сепак јас лично не гледам причина да не се најде решение многу брзо“, вели професорот Кубат.
Во Белград продолжува Соборот на СПЦ кој се очекува да заврши до крајот на оваа недела и на кој се очекува да се донесе долго чеканата одлука – барање за автокефалност на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија кое потоа ќе се достави до Вселенската патријаршија во Цариград едниствена која може да томост за автокефалност.
Независно од одлуката на Саборот на СПЦ, архиепископот г.г. Стефан на почетокот на идниот месец ќе одржи заедничка литругија со вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул.
Огнен Чанчаревиќ











