Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Како против опасните Тик-ток предизвици со фатални последици?

/

пред 617 дена

Сподели преку :

Сведоци сме на Тик Ток предизвици со фатални последици и тотална опседнатост  на децата со социјалните мрежи со мноштво дискутабилни содржини. Време е конечно да се вклучи алармот за подигнување на свеста за образовните реформи и улогата на креативноста во работата со деца, вели професор Стојаноска – Иванова. Во кои сегменти затаи креативноста во пристапот со децата :

  • Затаивме во воспитната компонента. Знаете како преголемите курикулуми, фонд на знаења кои на крајот на краиштата не го даваат крајниот производ. Цели генерации …. не посветуваме внимание на децата. Како велиме да го изнедриме талентираниот, да го препознаеме да работиме со него. Нас ни се случува и самите едукатори иако сакаат не се во можност да препознаат и тоа да го потенцираат изјави проф. д-р Татјана Стојаноска – Иванова,  од Филозофски факултет

Чинам дека во генерална смисла повеќе се дава акцент на когнитивистичката ориентација, а помалку на она што значи емоционален развој на детето. Влеговме во еден свет на унифицираност и малку ја потенцираме индивидуалноста. Тоа е основата на она што треба да следи, да се вратиме во центарот на индивидуалноста изјави проф. д- р Љупчо Кеверески, Универзитет „Св. Климент Охридски” -Битола

Во образовниот процес треба да се открие потенцијалот на детето, да се афирмира, и да се изнајдат начини тој креативен потенцијал да преовладее наспроти деструктивноста.

  • Не работиме за да добиеме петка, не треба да работиме за учениците да добијат петка. Туку да чувствуваат задоволство од процесот во кој вложуваат напори за да го остварат она што го посакуваат изјави проф. д-р Виолета Арнаудова

Голема е одговорноста на едукаторот, вели професор Арнаудова кој пред се мора да го сака детето во себе, за да може да го мотивира во креативна насока и детето спроти себе.

Нина Стефанова