Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калевска Ванчева во Топ Тема: ВМРО ДПМНЕ се разгалени и мислат дека се алфа и омега во општеството

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Оваа власт нема основна европска вредност , а тоа е комуникација со опозицијата. Односот кој го имаат со нас е деградирачки, вели пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ, во вечерашната Топ Тема.

Одговарајќи на прашањето зошто пратениците од опозицијата вчера не присуствувале на сесијата за четвртата рунда во процесот Жан Моне, Петрушевски го обвини спикерот дека си прави „приватна журка“ игнорирајќи ги опозициските пратеници и свикува сесии без да ги праша дали се слободни за да дојдат да работат, туку само им се праќаат известувања за тоа кога ќе се одржат.

  • Џафери си прави „приватна журка“ зашто на последната сесија преговарал како да ги заобиколи работните тела и да си гласаат закони на пленарна седница кои им одговараат, рече Петрушевски.

На ова му врати соговорчничката, Снежана Калевска Ванчева пратеничка од СДСМ, која рече дека е крајно несериозно денешната изјава на Џафери, да се толкува како приватна журка. Џафери денеска изјави дека заклучоците од денешната четврта рунда од процесот Жан Моне ќе им бидат доставени на сите пратеници во Собранието, вклучувајќи ги  ВМРО ДПМНЕ и Левица.

  • ВМРО ДПМНЕ беше на 11 години на власт и донесе деловник и измени на деловник без учество на тогашната опозиција и сега кажува квалификации за приватна журка. Извинете, но ова е преголема разгаленост или ВМРО ДПМНЕ смета дека е Алфа и Омега во ова општетство, и само тие мора да бидат прашани и ако сметаат тие дека е во интерес на собранието, на граѓаните, тогаш е во ред. А ако останатите сметаат дека треба да се дискутира, а тие не, тогаш нема да се дискутира. Најлесно е да побегнеш. Тоа го прават цело време. И да кажам дека г-динот Мицевски вчера цел ден беше во Собрание, и чекаше да завршиме и да има прес конференција. Ако не можел тој да дојде, можел друг да прати, ова се само оправдувања, јасно е дека не сакаат да се дојде до деловник кој нема да двосмислен, одговори Ванчева.

Додава дека не е точно дека опозицијата е игнорирана во работата на Собранието. Објасни дека терминот за процесот Жан Моне бил одреден уште за 28-ми октомври, но истата била одложена затоа што координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски поради партиски обврски барал да се презакаже седницата, а вчерашното неприсуство не го ни најавиле.