Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калевски: Отпадот во Скопје е катастрофа, имам мало детенце и на некои места не можам со количка да поминам на тротоар

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Ова е катастрофа што се случува со отпадот во Скопје. Прво беа пожарите низ цела земја, потоа се палеа шуми, се палеа депонии и сега гледаме нефункционалност со собирање на отпадот, изјави Марјан Калевски од „Зелен хуман град“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ова е поразително, граѓаните да бараат од институциите да извршуваат основни работи кои се должност на институциите. Не знам каде во светот има вакво нешто. Отпадот не само што претставува ризик по здравјето на сите граѓани. Се изнагледавме преполни контејнери по улици кои стануваат пречка за слободното движење. Имам мало детенце, на некои места не можам со количка да поминам на тротоар. Едноставно треба да поминам на улица за да не згазнам во ѓубре“, вели Калевски.

С.Д.