Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камала Харис нема да се кандидира за гувернер на Калифорнија

/

пред 444 дена

Сподели преку :

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека нема да се кандидира за гувернерка на Калифорнија на изборите во 2026 година, оставајќи отворена можност за трета претседателска кандидатура во 2028.

„По длабоко размислување, одлучив дека нема да се кандидирам за гувернер на овие избори,“ соопшти Харис преку официјално соопштение.

Нејзината одлука доаѓа откако неколку месеци приватно размислуваше за својата политичка иднина, особено по поразот од Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година.

Харис не ја исклучи можноста за нова претседателска кандидатура, откако претходно неуспешно се кандидираше и во 2020.

Во своето соопштение, без да го спомне Трамп директно, таа истакна дека „политикаta, влада и институции премногу често не успеваат да му служат на американскиот народ, што ја довело земјата до криза“.

Харис засега не откри кога ќе ја донесе конечната одлука за својата политичка иднина.