Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камион со вода пристигна во Газа, условите за живот во малата енклава очајни

/

пред 424 дена

Сподели преку :

Во Газа Сити денеска пристигна камион со питка вода, очекуван со нетрпение од жителите кои живеат во пренатрупани шатори и во крајно лоши услови.

Помошта пристигна во момент кога животните услови во појасот на Газа се сѐ полоши поради долгата војна и уништената инфраструктура.

Израел продолжува да се заканува со проширување на воената офанзива во деловите од Газа кои сѐ уште не се под негова контрола, а токму таму се засолниле најголем дел од над два милиони жители.

Таквите најави предизвикаа критики и меѓународно негодување, но и внатрешни несогласувања во Израел.

Војната предизвика масовно раселување, уништување на населени места и доведе до хуманитарна катастрофа со ризик од глад.

Хамас сѐ уште држи околу 50 заложници од нападот во октомври, а израелските власти веруваат дека околу 20 од нив се сѐ уште живи.

Преговорите за прекин на огнот засега се во ќорсокак.