Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа по, речиси, три месеци

/

пред 516 дена

Сподели преку :

Шефот на службата на Обединетите Нации (ОН) за хуманитарна помош, Том Флечер предупреди дека ограничените испораки на помош, што неодамна беа дозволени да влезат во Појасот Газа, не се доволни. Флечер потврди дека Израел вчера им дозволил на неколку камиони да влезат во палестинската енклава.

„Но, тоа е капка во морето од она што е итно потребно“, изјави тој, нагласувајќи ја потребата од значително повеќе помош во Газа во следните денови.

„Нè уверија дека ќе помогнат во нашата работа преку постоечките и докажани механизми“, изјави Флечер.

Според него, во моментов приоритетна задача е помошта да се достави до најпотребните. Тој предупреди дека пролонгираната блокада довела до голем недостиг и оти останува висок ризикот помошта да биде ограбена.

Според ОН, израелските власти дозволиле девет камиони да влезат во Газа, додека израелската агенција, одговорна за палестинските прашања, соопшти дека само пет камиони стигнале до целта.