Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кардиологот Кедев утре во МЗ на средба со министерот Алиу

/

пред 420 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Азир Алиу и кардиологот Сашко Кедев утре ќе разговараат за обвинувањата на адреса на приватните болници, дека непотребно оперирале пациенти заради профит. Дали докторот ќе презентира докази пред министерот за тврдењата и дали ќе ги посочи болниците?

Засега, нема детали за најавената средба. Утре, министерството треба да ги соопшти и имињата на странските кардиолози кои ќе вршат вонредна контрола во приватните болници за да ги проверат наводите на нивниот македонски колега, Кедев. Тричлената стручна комисија е веќе формирана, потврди вчера за Телма министерот Алиу.

Во неа, освен словенечкиот експерт, ќе има кардиолог од Италија и од уште една европска земја. Во итниот надзор нема кариолози од регионот, за да се исклучат сите сомнежи за влијанија, бидејќи тие често соработуваат со своите македонски колеги. Во меѓувреме се огласија неколку надлежни институција од здравството со тврдење дека до нив не сигнале поплаки за непотребно извршени операции, а ниту нивните контроли не утврдиле пропусти во работата на приватните болници.