Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Касами најавува нови избори за Советот на Општина Тетово

/

пред 1620 дена

Сподели преку :

Тетовскиот градоначалник, Биљал Касами, денеска во изјава за медиумите рече дека се можни нови избори за Совет на Општина Тетово, затоа што на вчерашната седница не беше усвоена завршната сметка за 2021 година.

Седницата беше прекината откако не беше усвоен дневниот ред, за кој гласаа 15 советници, 15 беа воздржани, а на која требаше да се верифицира мандатот на нов член.

Касами рече дека за повторно гласање за Советот треба да одлучи Владата.

Инаку во мнозинството на тетовскиот совет покрај Движењето Беса, ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците беа и двајца независни советници, кои вчера не гласаа за дневниот ред на Седницата, по настанатите несогласувања за сечењето на дрвјата на улицата Страшо Пинџур.

Данијела Билбилоска