Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“

/

пред 305 дена

Сподели преку :

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделата го напушти затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна формално трае до 2027 година.

Информацијата за СДК.мк ја потврдил директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски.

Според одлуката, Јанева ќе биде на слобода под услов редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и да ги почитува пропишаните обврски.

Доколку за време на условниот отпуст стори ново кривично дело или ги прекрши условите, може повторно да биде вратена во затвор.

Јанева беше осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“, а во казната ѝ е пресметано и времето поминато во притвор од над една година.

Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата во јули 2021 година, по што таа ја издржуваше казната во „Идризово“.