Највисокиот командант на НАТО не верува дека руската војска распоредила доволно војници за стратешки пробив во регионот околу Харков во североисточна Украина.
Американскиот генерал Кристофер Каволи, уверен дека украинските сили ќе ги задржат своите линии во регионот.
Русија отвори нов фронт во војната во Украина минатата седмица кога со мали борбени групи на високомобилни единици брзо ја преминаа границата, принудувајќи ја Украина прво да пренесува единици од други правци на фронтот долг околу 1.200 километри, а подоцна и да ги повлече, како што рече Киев, да се зашитат животите на војниците.
Од друга страна, пак, воени извори и од Киев и од Москва проценуваат дека Русија во Харковскиот регион, инаку со мнозинско руско и проруско население во близина на границата, вклучила околу 30.000 војници кои освоиле значителен дел од областа.
Нивните проценки се дека руските сили понекогаш ги надминуваат украинските трупи во обем 10 спрема еден, во услови кога украинските војници се соочуваат со голем недостиг од муниција и жива сила и кадар обучен за ракување со напредното западно оружје.











