Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Казни за тројца трговци кои не ја почитувале владината одлука за замрзнати цени на училишниот прибор

/

пред 758 дена

Сподели преку :

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник бр. 183/24) односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Констатирани  се неправилности кај три правни субјекти по однос на Одлуката, соопштуваат од Државен пазарен инспекторат.

  • Еден трговец на големо, голем правен субјект за што се изречени глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 452.000 денари и заради неводење на трговска евиденција во вредност од над 200.000 денари. Казнети се  и два трговци на мало (голем и мал правен субјект).  За големиот правен субјект издадена е глоба во вредност од над 452.000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект изречени се глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105.000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76.000 денари, со вели во соопштението.

Државен пазарен инспекторат соопштува дека надзорите се прават низ цела територија на Северна Македонија. Казните изнесуваат од 800 до 10000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност со Законот за трговија.

Надзорите ќе продолжат и  инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката.

Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk.