Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе падне договор или тужба – неделава Владата и УПОЗ ќе разговараат за додатокот од 30 отсто

/

пред 632 дена

Сподели преку :

Оваа недела средба со синдикатот на УПОЗ на која ќе се разговара за 30 отсто додаток на плата кој дел од институциите го бараа, но не го добија. Поради тоа излегоа на протест, а вработените во државното правобранителство отидоа на штрајк.

Поднесоа и барање за средба со Владата, а ако нема договор ќе ги употребат сите законски механизми кои им се на располагање , па дури и ќе тужат. Премиерот Мицкоски вели дека буџетот во оваа кондиција во која се наоѓа не може да си дозволи толкави покачувања и таква содржина на тие колективни договори.

За министерката за финансии Кочоска е нејасно врз основа на што би ја тужеле државата. Но, од Владата посочија дека сите работи ќе се разговараат на состанокот.

„Одлуките за потпишување на договорите со здравство и образование пристапот не беше ист. Просечната плата во образование беше на најниско можно ниво и срам за државата и тоа беше заборавено од претходната влада но сите кои имаме деца ги критикуваме наставниците и професорите. И се тргна од таму и ако имате обраничен буџет вие ги решавате проблемите таму каде што некој спиел со години наназад. Кога разговаравме со здравство беше поразлчин пристапот затоа што просечната плата беше многу повисока од образование. Разговараме и за општиот колективен договор,  ќе ве информираме во скоро време какви небулози има и таму, ќе се изненадиме сите“, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

На протест излегоа вработените од неколку министерства кои бараа да имаат сити права како и оние од финансии, од образование, од здравство, од службата за општи заеднички работи на Влада од генерален секретаријат кои, пак, со потпишување на договорите го добија додатокот.